Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон таа земја, предупреди Кристалина Георгијева, шефица на ММФ.
„Санкциите прилично остро влијаат на руската економија. Да очекуваме длабока рецесија во Русија. Тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не го сметаме за неверојатен настан. Таа земја има пари за сервисирање на долгот, но нема пристап до нив“, изјави Георгијева за Си-Би-Ес.
Почина трудницата чија слика го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето
Таа изјави и дека ММФ не гледа предуслови за светската финансиска криза поради настаните во Украина и санкциите воведени кон Русија.
Меѓу можните последици од украинската криза, шефот на ММФ ги наведе гладот во Африка, зголемувањето на цените на енергијата, ѓубривата и металите, како и зголемената инфлација.
Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)
„Одвоивме 1,4 милијарди долари за итно финансирање на Украина со отворање посебна сметка кај ММФ. Постигнат е договор со украинската влада и никој друг нема да има пристап до овие пари“, објасни Георгиева.