Русија им се заканува на САД: Конвоите со оружје што ги испраќате во Украина сега ги третираме како цели

Сподели со своите пријатели

Русија ги предупреди САД и Западот за последиците од испраќањето оружје во Украина.

„Соодветните конвои ќе станат легитимни цели за руските вооружени сили“, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.

 

Украина: Во војната загинаа 12.000 руски војници, останаа без 362 тенкови

 

„Нема консултации во Украина, нема преговарачки процес со САД. Ги предупредивме САД дека оркестрираното испумпување на оружје од голем број земји не е само опасен потег, тоа е акција што ги претвора соодветните конвои во легитимни цели“ изјави Рјабков, цитиран од Интерфакс.

„Предупредивме на последиците од непромисленото пренесување во Украина на оружје како што се преносливи системи за противвоздушна одбрана, противтенковски ракетни системи и така натаму“, додаде тој.