Во филмска потера бегал од полицијата 50км: Кога го стопирале и летимирале останале во шок

Сподели со своите пријатели

Британските полицајци се збуниле кога по бркотница од 50 километри кај возачот пронашле возачка дозвола од Леголенд и вреќа со канабис.

Loading...

21-годишниот Британец побегнал од лондонската полиција во Кент. Потерата траела повеќе од половина час, а биле вклучени две патролни автомобили и еден хеликоптер.

Истата била завршена дури кога осомничениот останал без бензин.

 

 

Кога полицијата конечно го фатила и го претресла, нашла детска возачка дозвола од забавниот парк Леголанд во Виндзор, која ја добил во 2003 година кога имал две години.

Освен што ги збунила „возачката дозвола“, кај возачот пронашле и вреќа со канабис.

Loading...

„Не. Возачката дозвола на Леголанд не е причина за опасно возење. Големо количество канабис е“, напиша полицијата.