Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека американскиот претседател Џо Бајден сака да ја заостри ситуацијата и да ја запознае американската агенда на целата меѓународна заедница, спомнувајќи го ризикот од Трета светска војна.
Украинците протестираат на улиците откако Русите го киднапираа градоначалникот (ВИДЕО)
– Ви го свртувам вниманието на тоа дека не преземаме никаков чекор, без разлика дали е вербален, во форма на изјави или што било што би можело да се смета за ескалација. Во меѓувреме, лидерот на САД отворено зборува за опасноста од избувнување на Третата светска војна – рече Рјабков.
Тој смета дека ова е обид на Бајден да игра со нервите, за САД да ја запознаат својата агенда на целата меѓународна заедница.
– За нас се јасни деструктивните цели зад оваа изјава – рече Рјабков.
Захарова: Украина ги саботира сопствените нуклеарни постројки
Рјабков рече дека предлозите за безбедносни гаранции што Русија ги испрати до САД и НАТО пред влезот на руските сили во Украина повеќе не важат бидејќи ситуацијата е целосно променета.