Турција ја сели амбасадата од Киев

Сподели со своите пријатели

Турција ја преместува амбасадата од Киев во западниот украински град Черновци, потврди турското Министерство за надворешни работи.

Оваа информација ја потврди портпаролката на МНР Тања Билгиц.

 

Руските сили гранатирале џамија во која се криеле 80 возрасни и деца

 

„Не станува збор за затворање на амбасадата во Киев“, рече Билгиц, истакнувајќи дека амбасадата се преместува во западниот украински град Черновци.