Руската војска продолжува да напаѓа на „широк фронт“ во Украина, вклучително и напади во близина на Киев и на истокот на земјата каде што нејзините сили напредуваа, соопшти во саботата московското Министерство за одбрана.
Во близина на главниот град Киев, уништени се воздухопловната база во Василков и украинскиот воен разузнавачки центар за извидување во Бровари, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.
Украинско Министерство за одбрана: Непријателските сили уништени во воздушни напади (ВИДЕО)
Според Русија, сопствените трупи и сепаратистичките сили од Луганск и Доњецк повторно зазеле бројни населби во источна Украина.
Единиците на доњецката „Народна милиција“ напредувале уште девет километри, руските вооружени сили вкупно 21 километар, а групите на „Народна република Луганск“ шест километри.
Захарова: Украина ги саботира сопствените нуклеарни постројки
Ниту една од овие бројки не може да се потврди независно.
На почетокот на војната на 24 февруари, сепаратистите имаа околу 30 отсто од регионите Луганск и Доњецк под своја контрола. Сега, според украинските податоци, 70 отсто од регионот Луганск е под контрола на сепаратистите.