Американски трупи распоредени во близина на руски цели

Сподели со своите пријатели

Американските трупи се распоредени во планините во источна Полска, на само неколку километри од украинската граница, што значи дека се блиску до локации цел на неодамнешните руски воздушни напади во западна Украина, а самите би можеле да станат цели доколку НАТО се вклучи во војната, пишува Гласот на Америка.

Границата на Украина со Полска стана главна порта за бегалците кои бегаат од конфликтот. Но, исто така, станува клучна стратешка граница, канал за оружје на НАТО што оди во Украина и потенцијално идно жариште, според Гласот на Америка.

 

Гори магацин за муниција во близина на Киев (ВИДЕО)

 

Војниците на американската 82. воздушнодесантна дивизија на полските Карпати се дел од 5.000 американски војници кои во последните недели беа испратени во Полска, како засилување од четири илјади американски војници веќе стационирани во таа земја.

НАТО испраќа порака дека ќе ја брани „секоја педа“ од територијата на алијансата.

Додека илјадници американски војници изведуваат вежби во шумите во Полска, Русија изведува воздушни напади врз украински цели во непосредна близина.

 

Украинците тврдат дека руските војници ја нападнале онколошката болница

 

Расте стравот од случаен контакт меѓу американските и руските војници. Отворена е и „жешка линија“ за да се избегне тоа сценарио. Но, постојат и стравувања дека трупите на НАТО во Источна Европа би можеле да бидат цел во случај на ескалација.

НАТО во повеќе наврати изјави дека нема директно да се меша во конфликтот.