Во понеделник Русија го забранува Инстаграм

Сподели со своите пријатели

Директорот на Инстаграм Адам Мосери потврди дека одлуката на Русија да ги блокира социјалните мрежи значи дека милиони Руси од понеделник ќе останат без пристап до оваа апликација на Мета.

Loading...

– Во понеделник Инстаграм ќе биде блокиран во Русија. Оваа одлука ќе отсече 80 милиони луѓе во Русија едни од други, од остатокот од светот. Осумдесет проценти од луѓето во Русија следат профил на Инстаграм надвор од нивната земја. Ова не е во ред – напиша Мосери на Твитер, пренесува ТАСС.

 

Гори магацин за муниција во близина на Киев (ВИДЕО)

 

Во петокот, Роскомнадзор, руската федерална служба за контрола на комуникациите, информатичката технологија и медиумите, одлучи да го ограничи пристапот до Инстаграм од полноќ на 14 март.

Руското регулаторно тело објасни дека на активните корисници на Инстаграм им „треба време да ги прикачат своите фотографии и видеа на други социјални мрежи и да ги информираат своите следбеници“.

 

Loading...

Украинско Министерство за одбрана: Непријателските сили уништени во воздушни напади (ВИДЕО)

 

Роскомнадзор одлучи да го блокира Инстаграм поради, како што беше најавено, ширење на говор на омраза кон рускиот народ, вклучително и припадници на армијата.

Претходно руското државно обвинителство побара компанијата Мета, во која спаѓаат Facebook, Instagram и WhatsApp, да се прогласи за екстремистичка организација и да и се забрани да работи во Русија, јави ТАСС.