Зеленски: Вчера се евакуирани 7.144 лица од четири града

Сподели со своите пријатели

Вкупно 7.144 лица се евакуирани од четири украински градови во петокот, соопшти денеска претседателот Владимир Зеленски, што е значително помалку од претходните два дена.

Во телевизиско обраќање Зеленски ја обвини Русија дека одбива да ги пушти жителите на опколениот град Мариупол и рече дека Украина денеска повторно ќе се обиде таму да достави храна и лекови, пренесува Ројтерс.

 

 

Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

 

Речиси 40.000 луѓе во четвртокот напуштија неколку украински градови преку хуманитарни коридори, откако 35.000 успеаја да се евакуираат во средата, соопштија украинските власти.

Зеленски изјавил дека жителите на Чернихив, Енерходар, Хостомел и Козаровиќ во петокот успеале да побегнат.

Властите претходно соопштија дека ситуацијата во Мариупол е критична, бидејќи руските сили го стегнале обрачот околу пристанишниот град на Црното Море и дека бројот на загинатите од гранатирањето и 12-дневната блокада достигна речиси 1.600, додека населението во градот е без струја и вода повеќе од една недела, пишува Ројтерс.

 

Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

 

„Руските војници не сакаа да ја ослободат помошта што ја испративме во градот и тие продолжуваат да го мачат нашето население… утре повторно ќе се обидеме да испратиме храна, вода и лекови“, рече Зеленски.