Русија: Онеспособен главниот комуникациски центар на украинската армија

Сподели со своите пријатели

Руската армија денеска го онеспособи главниот комуникациски центар на вооружените сили на Украина во предградието на Киев, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА Новости.

 

Зеленски ја обвини Русија за киднапирање на градоначалникот на Мелитопол

 

„Утрото на 12 март, високопрецизно оружје со долг дострел ја погоди воената инфраструктура на Украина. Воениот аеродром во Василково и главниот центар на радио и електронската разузнавачка служба на Вооружените сили на Украина во Бровари се ставени надвор од акција“, изјави Конашенков.

 

Експлозии во неколку украински градови

 

Тој исто така рече дека руските сили уништиле речиси 3.500 украински воени објекти од почетокот на воените операции во Украина.

 

Зеленски ја обвини Русија за киднапирање на градоначалникот на Мелитопол

 

„За време на операцијата беа ставени надвор од функција 3.491 објекти на украинската воена инфраструктура. Уништени: 123 беспилотни летала, 1.127 тенкови и други оклопни борбени возила, 115 повеќецевни ракетни системи, 423 топови полска артилерија и минофрлачи, 934 специјални воени возила“, прецизираше рускиот воен претставник, пренесува Риа Новости.

 

Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца