Експлозии во неколку украински градови

Сподели со своите пријатели

Во неколку украински градови утринава се слушнале експлозии на кои им претходеле сирени за тревога, јавуваат украинските медиуми.

Loading...

Сирените за воздушни напади се огласија рано утринава во повеќе од 15 региони и повеќето градови во Украина, јавуваат локалните медиуми.

Тие се слушнале во главниот град Киев, Лавов на запад на Украина, Одеса на југ, Харков, како и во регионот Суми на североисток од земјата и Днепар на југоисток, пренесува Ројтерс.

 

Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

 

Експлозии можеа да се слушнат во градовите Николаев, Кропивницки и Днепар.

Во Днепар била активирана и противвоздушната одбрана, а градските власти тврдат дека рускиот напад бил успешно одбиен. Во овој град се слушнале две експлозии, јави Си-Ен-Ен.

Loading...

Во меѓувреме, украинската служба за итни случаи на профилот Телеграм навела дека спасувачите во Харков пронашле тела на пет лица, меѓу кои и две деца кои биле убиени за време на бомбардирањето на станбена зграда на периферијата на градот, наведува „Гардијан“.

 

Во Харков загинаа пет лица, меѓу кои две деца

 

Работниците се ангажирани и во деминирање на неексплодирани убојни средства.

По гранатирањето избувнал пожар во магацинот на фабриката за замрзната храна во околината на Киев. Немало жртви.