Шокантно видео кое се случи на плажата Лас Гавиотас во мексиканското одморалиште Синалоа, ги потресе интернет корисниците во Јужна и Централна Америка.
Имено, еден од туристите се обидел да вежба параглајдерство над морето, но веднаш штом полетал паднал од висина од околу пет метри директно на песокот.
Се претпоставува дека до несреќата дошло поради дефект на појасот, а можно е младиот човек да не бил адекватно врзан.
Поради неговиот пад избувнаа некои врисоци на насобраните кои со оваа глетка уништија навидум безгрижен и мирен ден.
Кога пристигнала брзата помош, тој бил во несвест и итно пренесен во болница каде што сега се опоравува. При падот се здобил со повеќе скршеници.
Истрага за овој случај покрена државното обвинителство, но и фирмата која организира параглајдерство на оваа плажа.
-Обвинителството ќе утврди дали се работи за неисправност од човечко невнимание, техничка неисправност или неисправност на самиот појас. Капетанијата на пристаништата ќе биде таа што ќе им изрече соодветна санкција или суспензија на организаторите – објаснуваат од обвинителството.
Властите открија и дека инцидентот се случил на 20 февруари, а жртвата е млад човек од Дуранго, Мексико.
Вистинската среќа е што ја преживеа овој пад, а прашање е дали ќе останат последиците од ова.
https://twitter.com/alekx_04/status/1501223249962668034?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1501223249962668034%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.espreso.co.rs%2Fviralno%2Fsvastara%2F1002155%2Fturisti-se-otkacio-sigurnosni-pojas-video

