Во Австрија, некои бензински пумпи почнаа да ја ограничуваат количината при продажба на гориво.
Така, една поевтина бензинска пумпа во петтата област во Виена ја ограничи продажбата на гориво на максимални 30 литри по клиент.
Најмалку четворица украински војници загинаа во воздухопловната база Луцк
Налетот на пумпите кои продаваат поевтино гориво и паниката од дополнително поскапување веќе почна.
Пумпите во кои се продава литар дизел за нешто повеќе од две евра, а бензин за нешто помалку од две евра, речиси се под опсада на возачите.
Најмалку четворица украински војници загинаа во воздухопловната база Луцк
Поради тој налет, сопствениците на бензинските пумпи се плашат дека ќе останат без гориво, како што се случи во вторникот во Клагенфурт.
Кај поголем број пумпи горивото достигна цена и над 2,5 евра, а кај некои веќе надмина три евра за литар.