Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на денешната средба со рускиот лидер Владимир Путин во Москва донел мапа на која, како што наведува „Спутник“, го открива планот за напад на Украина врз Белорусија.
Како што истакна Лукашенко, Украина се подготвувала да го нападне Донбас, но и Белорусија.
Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил
Лукашенко му рекол на Путин дека ќе му покаже од кое место е подготвен нападот на Белорусија од украинска територија, неколку часа пред специјалната операција на Русија, пренесува „Спутник“.
На почетокот на средбата Путин изјави дека има одредени позитивни движења во преговарачкиот процес со Украина.
„Се разбира, ќе ве информирам за ситуацијата во врска со Украина и, пред се, за тековните преговори, кои сега се водат речиси секој ден. Како што ме информираа преговарачите од наша страна, има одредени позитивни случувања“, рече Путин.
Тој, исто така, му честиташе на својот белоруски колега за успешното одржување на референдумот за прашањето за уставните измени, нагласувајќи дека излезноста била добра и дека граѓаните на Белорусија ја поддржале.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја ќе ги издржи сите санкции што и ги воведе Западот.
„Ние сигурно ќе издржиме. И покрај нашите непријатели“, нагласи Лукашенко.