Швајцарија ги советуваше своите граѓани да ја напуштат Русија

Сподели со своите пријатели

Швајцарија ги советува своите граѓани да ја напуштат Русија, објави денеска швајцарското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

„Министерството за надворешни работи им препорачува на швајцарските граѓани чие присуство во Русија не е итно потребно, привремено и со сопствени средства да ја напуштат земјата“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Ројтерс.

 

 

Најмалку четворица украински војници загинаа во воздухопловната база Луцк

 

„Одлуката за напуштање на земјата е индивидуална одлука“, се додава во соопштението.