Најмалку четворица украински војници загинаа во воздухопловната база Луцк

Сподели со своите пријатели

Најмалку четворица украински војници се убиени, а шестмина се повредени во петокот во руските напади на воениот аеродром Луцк во северозападна Украина, соопштија локалните власти.

Информацијата ја даде градоначалникот на Луцк, Ихор Полишчук, ажурирајќи го претходниот број на загинати.

 

Овој човек во рускиот напад останал без 11 члена на семејството, преживеале само тој и мачката (ФОТО)

 

– Во 5 часот и 45 минути (3:45 по Гринич), бомбардери на руската армија беа истрелани четири ракети на воениот аеродром во Луцк – изјави претставникот на регионалната администрација Јуриј Похуљајко на Телеграма.

Претходно портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека „воените аеродроми Луцк и Ивано-Франковск се ставени надвор од функција“.

Полишчук на Фејсбук напиша:

 

Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил

 

– Експлозии на страната на аеродромот. Сите во засолништата! Не објавувајте фотографии, адреси или координати!

Во меѓувреме, најмалку еден цивил е убиен во руските напади врз Днепар во централна Украина во петокот, според локалните служби за итни случаи.

„Во петокот рано наутро имаше три воздушни напади врз градот, вклучително и градинка, станбена зграда и фабрика за чевли на два ката, при што беше предизвикан пожар. Едно лице загина“, се вели во соопштението.