Кина „затвори“ 9 милиони луѓе поради два случаи

Сподели со своите пријатели

Кина денеска нареди затворање на девет милиони жители во североисточниот град Чангчун во услови на ново зголемување на бројот на случаи на ковид-19 во областа.

Loading...

Од жителите се бара да останат дома и да поминат три рунди на масовно тестирање, додека несуштинските активности се затворени и транспортните врски суспендирани, пренесува агенцијата АП.

 

Објавена снимка од нападот на Днепар, камерите снимија голема експлозија (ВИДЕО)

 

Кина денеска пријави уште 397 случаи на локално пренесување на ковид низ целата земја, од кои 98 во провинцијата Џилин што го опкружува Чангчун.

Само два случаи се откриени во самиот град, според АП, потсетувајќи дека кинеските власти постојано најавуваат дека ќе ја затворат секоја заедница во која ќе се најдат еден или повеќе случаи во согласност со кинескиот пристап кон пандемијата „нулта толеранција“.