Европската комисија предлага уште 500 милиони евра воена помош за Украина

Сподели со своите пријатели

Европската комисија предложи да се доделат уште 500 милиони евра воена помош за Украина, изјави денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борељ.

Доколку лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ја одобрат таа сума, вкупната воена помош за Украина би изнесувала една милијарда евра.

 

Украина: Русите погодија психијатриска болница, внатре имаше 330 луѓе

 

Во изјавата за новинарите пред вториот ден од состанокот на лидерите на ЕУ во Версај, Борељ нагласи дека сите се „целосно свесни дека мора да ја зголемиме воената поддршка за Украина“, објави Ројтерс.

„Уверен сум дека лидерите ќе ги одобрат тие пари“, рече тој.

Борељ изјави и дека ЕУ размислува за воведување дополнителни санкции за руските олигарси и економијата.