Британски министер: Ако Русите нападнат со хемиско оружје нека бидат подготвени за одговор

Сподели со своите пријатели

Британскиот министер за технологија Крис Филип изјави дека одговорот на Русија ќе биде „драматично зајакнат“ доколку употреби хемиско оружје во Украина.

Loading...

„Ако го сторат тоа, тоа ќе биде злосторство против човештвото. Ова е линија што руските власти не треба да ја преминат“, додаде тој.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

„Би му рекол на секој во Русија кој размислува за ова: не ја преминувајте таа граница, не предизвикувајте поголема беда и страдање на украинскиот народ.

Веќе пукавте во цивили кои бегаат низ хуманитарни коридори, бомбардиравте болници, породилишта, не му нанесувајте дополнителна болка на украинскиот народ.

 

Loading...

Овој човек во рускиот напад останал без 11 члена на семејството, преживеале само тој и мачката (ФОТО)

 

Тоа ќе предизвика засилен одговор од Западот, драматично засилен одговор, без сомнение. Нема да шпекулирам во каква форма ќе биде тој одговор, но тоа е границата што Русите не треба да ја преминат, изјави министерот за Радио Тајмс, пренесува Гардијан.