Шест локации во Куманово привремено денеска ќе бидат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода привремено ќе биде улицата „14“ во населбата Карпош поради дефекти во водоводната мрежа, СОУ „Перо Наков„ поради дефект на внатрешна водоводна мрежа на училиште, улицата „Народна Револуција“ („Среќко Пужаљка“) поради сервисирање на водоводен затворач.
Прекини ќе има и на улицата „Ѓорче Петров“ поради изместување на водомер, додека на улицата „Младен Стојановиќ„ ќе се врши детекција и оспособување на заасфалтиран против-пожарен хидрант.
Дефекти на водоводна цевка има и во Фабрика за преработка на вода (Филтер станица).
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски

