Многу експерти за фенг шуи тврдат дека овие ситници во домаќинството се причина за несогласувања во домот. Само мала промена може да донесе позитивност и напредок. Многу често не сме ни свесни дека некои предмети се „емотивни вампири“ кои крадат позитивна енергија и го загрозуваат мирот и хармонијата. За да владее позитивна енергија во вашиот дом и семејство, ослободете се од следните шест работи кои создаваат негативна енергија.
Оштетени чинии, чаши и садови – Овие садови носат лоша енергија на оној што ги користи, тврдат експертите за фенг шуи. Подобро е да се купи најевтиниот комплет садови отколку да се користи скап, но оштетен. Користењето на таков прибор може да влијае на вашата кариера или финансии.
Празни садови за сол, бибер или шеќер – На сите ни се случува понекогаш да останеме без залихи на храна кои ги користиме речиси секој ден. Меѓутоа, никогаш не треба да дозволите садовите во кои чувате сол, шеќер или бибер да бидат целосно празни, бидејќи празните влијаат на среќата и хармонијата во семејството.
Куп стари весници, списанија, хартии и книги – Фрлете го весникот во ѓубре веднаш штом ќе го прочитате, советуваат експертите за фенг шуи. Ако собирате списанија или книги, чувајте ги на полици, а не на подот или аголот од собата. Расфрлани низ просторот, овие предмети ќе донесат лоша енергија.
Чевли пред врата – Без разлика дали пред спалната соба или која било друга просторија, овие предмети се вистински „енергетски вампири“, особено ако чевлите се валкани. Од друга страна, чевлар или некое друго место за чевли ќе го исполни домот со позитивна енергија наместо со негативна.
Валкана облека на подот од собата – Ова е една од најважните работи на кои предупредуваат експертите за фенг шуи. Можеби е најлесно да фрлите валкана облека на подот во аголот од собата, но треба да знаете дека на тоа место исчезнува сета позитивна енергија од дома. Треба да имате мал простор каде што ќе ги чувате валканите алишта како корпа за перење.
Место за седење или спиење под дрвена греда – Дрвените греди се еден од омилените дизајнерски елементи кои со задоволство и често ги гледаме во домовите. Меѓутоа, ако под овој детал поставите кауч или кревет, знаете дека отровните стрели од негативна енергија се насочени кон вас, објаснуваат експертите за фенг шуи. Затоа, само малку поместете го каучот или креветот за да не сте директно под гредата.