Украинскиот претседател Володимир Зеленски е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, но „тој нема да направи никаков компромис со руската позиција за време на овие преговори“, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина за Си-Ен-Ен.
Иако разговорите меѓу шефовите на дипломатиите на Украина и на Русија, одржани во четвртокот во Анталија, Турција, не доведоа до голема промена, Украина од почетокот не беше премногу оптимист, изјави Игор Жовква, заменик началник на кабинетот на претседателот на Украина.
„Навистина е добра работа што се сретнаа, но за жал можеме да кажеме дека министерот за надворешни работи на Русија не е тој што ја носи конечната одлука. Конечната одлука за завршување на војната, завршување на огнот, повлекување на војниците ја носи само едно лице“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Жовква рече дека, иако Зеленски бил подготвен за дипломатско решение, тој не слушнал ниту со рускиот претседател ниту со неговите помошници.
„Последното нешто што го слушнав од нив е дека сè уште треба да работиме во формат на две делегации. Но, ниту договорите постигнати за време на овие преговори не се одржуваат“, рече Жовква, посочувајќи на хуманитарните коридори во Украина.
Жовква рече дека Украина е отворена за неутралност „ако НАТО засега не е подготвен да ја прифати Украина“.
„Но, во исто време ни требаат силни безбедносни гаранции за Украина, за да не се повторат овие страшни војни, оваа страшна агресија во иднина“, додаде тој.
Жовква додава дека Украина сака да соработува со Путин и нејзините соседи во воспоставувањето на системот, кој тој го нарече „обновениот безбедносен систем на Европа“.
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ: Се урна дрон за кој се тврди дека е од Украина! (ВИДЕО)
„Мојата земја, украинскиот народ заслужува да стане дел од европското семејство. Украина се бори за безбедноста на цела Европа. Значи, кога (францускиот) претседател (Емануел) Макрон зборува за можна европска безбедност, како може да зборува без претседателот Зеленски на маса? Без претседателот Зеленски и Украина во Европската унија“, рече Жовква.

