Досега од Украина во Русија се евакуирани 220.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Досега од Донбас и од цела Украина во Русија се евакуирани над 220.000 луѓе, соопштија денеска за ТАСС од регионалната безбедносна агенција.

„До утрото на 11 март, речиси 222.000 луѓе ја минале руската граница, вклучувајќи над 50.000 деца“, изјавил извор за руската агенција.

 

ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ: Се урна дрон за кој се тврди дека е од Украина! (ВИДЕО)

 

Тој наведе дека од 18 февруари, повеќе од 193.000 луѓе пристигнале во Русија од самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск, кога нивните власти најавија евакуација.

Околу 30.000 луѓе ја напуштија украинската територија преку контролните пунктови во Белгород, Брјанск, Курската област и Крим, јави ТАСС.

 

Сцени од Днепар по гранатирањето: Градот нападнат првпат од почетокот на операцијата

 

Соговорникот на агенцијата прецизира дека повеќе од 50.000 евакуирани се жители на Русија, а останатите се државјани на Украина, од регионот на Донбас и други делови, а има и странски државјани.