Светскиот економски форум (СЕФ), кој собира познати бизнисмени и државници од целиот свет, одлучи да ги замрзне сите односи со Русија поради нападот на земјата врз Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на СЕФ со седиште во Швајцарија се вели дека одлуката му забранува на рускиот претседател Владимир Путин да учествува во сите активности на форумот.
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ: Се урна дрон за кој се тврди дека е од Украина! (ВИДЕО)
– Нема да имаме односи со никој што е санкциониран, а ги замрзнавме односите со руските субјекти – изјави за весникот „Политико“ портпаролката на СЕФ Аманда Русо.
Путин и поранешниот руски премиер Дмитриј Медведев пет пати беа учесници на самитот на СЕФ од 2007 до 2021 година.

