Московјаните во последните два дена се збогуваа со своите омилени брендови како Мекдоналдс и Старбакс, симболи на руското отворање кон Западот, кои решија да ги прекинат своите активности таму поради инвазијата на Украина.
Лена Синдорова, 18-годишна студентка по танц, сакаla да оди во Мекдоналдс на плоштадот Пушкин, кој bil отворен таму во јануари 1990 година како прв западен бренд досега, важен настан за граѓаните за време на перестројката и распадот на СССР.
„Се надевам дека тоа е само привремено“, вели младата девојка, која верува дека Западот е виновен за санкциите, а не Русија.
Мекдоналдс, кој има 850 ресторани во Русија, е омилено место на двајца други московјани, Степан Грунтов и Станислав Логвинов, студенти по сообраќај.
„Срамота е, но каква врска има Мекдоналдс со конфликтот во Украина“, вели Степан, кој е од Белорусија.
За него затворањето на Мекдоналдс е „трагедија“.
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЗАГРЕБ: Се урна дрон за кој се тврди дека е од Украина! (ВИДЕО)
Вреди за Донбас
Иако го обожаваат, тонот на многу Руси пред познатиот ресторан е сменет.
„Ако сака нека биде затворен“, вели Николај Копљов, иако штотуку излезе со голем хамбургер.
„Донбас вреди за Мекдоналдс“, рече тој.
„Спасените животи во Донбас се многу поважни од доброто јадење“, додаде Станислав Логвинов (18), очигледно убеден во аргументот на Путин дека Москва интервенирала во Украина за да ги спаси луѓето во сепаратистичките региони од геноцид.
Истото го мисли и Василиј Иванов (40). Нека затворат што сакаат, само ќе бидеме посилни“, вели поранешниот војник, кој има најголема почит кон Путин.
Можност за Русија
Слично е и пред друг американски бренд, синџирот за кафе Старбакс.
„Го сакам нивното кафе, тоа ме потсетува на годините кога работев во САД“, вели 42-годишната менаџерка Светлана Исајева.
„Тажно е што ова и се случува на нашата земја, но тоа не е проблем. Тоа е можност за Русија да ја изгради својата економија“.
Алиона (23), која во Москва пристигнала пред година и пол од Донбас, вели дека е шокирана од одлуката на западните брендови да ги затворат вратите во Русија.
Сцени од Днепар по гранатирањето: Градот нападнат првпат од почетокот на операцијата
„Западњаците отсекогаш ја знаеле разликата меѓу владата и народот.“
„Сепак, тие сега ја казнуваат средната класа на Руси, околу 20 отсто од населението, која традиционално се смета за прозападна“, рече таа.
Таа тврди дека сите нејзини роднини ја критикуваат руската интервенција во Украина. „И токму тие ќе бидат најтешко погодени од санкциите.

