90 отсто од Сиријците се сиромашни: Извештај на ОН за катастрофата по 10 години конфликт

Сподели со своите пријатели

Ескалацијата на насилството во комбинација со колапсот на воената економија и катастрофалната хуманитарна криза носат нови нивоа на страдање на сириското цивилно население кое претрпе повеќе од десет години конфликт, се вели во новиот извештај на Истражната комисија на ОН за Сирија.

 

СЗО препорача Украина да ги уништи опасните патогени во лабораториите

 

Со повеќе од половина од раселените и над 90 отсто живеат во сиромаштија, Сиријците се соочуваат со бездна додека насилството ескалира со воени судири и бомбардирање, како и со киднапирања и убиства, дури и далеку од конфликтните зони.

 

Руските власти ја потврдија смртта на генералот кој наводно бил убиен од украински снајперист

 

– Додека делови од Сирија веќе не се предмет на активни борби, немојте да мислите дека насилството врз цивилите не продолжува низ целата земја, од бомбардирања на северозапад, север и североисток, до целни убиства, нелегално приведување и тортура. Населението трпи страшна сиромаштија, особено внатрешно раселените лица. Тоа се бездните со кои се соочува сирискиот народ, фатен меѓу завојуваните страни, насекаде потиснати и искористени од вооружени актери – изјави претседателот на Комисијата, Пауло Пинеиро.