Русија: САД експериментирале на животни во Украина за да ги заразат Русите

Сподели со своите пријатели

Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана и генерал, денеска за медиумите изјави дека во Украина има лаборатории финансирани од САД и дека тие експериментираат со коронавирус добиен од лилјаци.

„Руските експерти од Одделот за радијациона заштита, хемиска и биолошка заштита ги проучуваа документите за трансферот на човечки биоматеријали земени од Украина во странски земји под инструкции на американски претставници. Од особен интерес беа деталните информации за спроведувањето на американскиот проект за пренос на патогени на дивите птици кои мигрираат меѓу Украина и Русија и другите соседни земји“, рече Конашенков.

 

Објавено е драматично видео од нападот на Украина врз колона руски тенкови (ВИДЕО)

 

Тој наведува дека целта на ова и на други биолошки истражувања финансирани од Пентагон во Украина е да се создаде механизам за прикриена дистрибуција на смртоносните патогени.

Да потсетиме, денеска е 15-ти ден од руската инвазија на Украина.

Бунтовничките сили во украинските региони Доњецк продолжија да го „ослободуваат градот Мариупол од националистите, а исто така ја презедоа контролата врз две други населби“, изјави Конашенков за медиумите.