Куманово избра фирма за заловување и згрижување кучиња скитници

Сподели со своите пријатели

Куманово избра фирма на јавен оглас за заловување кучиња скитници, соопштија денеска надлежните од Општината.

На објавениот тендер за услуги за заловување на кучиња скитници и нивното згрижување на територија на Општина Куманово избран е А.Д. Ветеринарно сточарски центар „Тодор Велков” Куманово.

Според склучениот договор, Општината на годишно ниво ќе одвои 1.499.780,00 со вклучен данок на додадена вредност за заловување и третман на кучињата скитници.

Од секторот за инспекциски надзор, потврдија дека заловувањето ќе се одвива согласно план и динамика, но ќе се интервенира и по дојава на граѓани. Куманово со години наназад спроведува годишен тендер за заловување кучиња скитници и организира акција за вдомување во соработка со операторот и со здруженија на граѓани.

МИА