Џеси Кар решила да оди на операција наречена „фокс ај“, која вклучува подигнување на веѓите така што очите се малку накосени.
На овој потег се одлучуваат многу девојки имитирајќи познати дами како Бела Хадид, но Џеси брзо се покајала бидејќи се тргнало наопаку.
Резултатите од ваквата интервенција би требало да траат помеѓу 18 и 24 месеци, но наместо тоа Џеси ќе има доживотни лузни.
Таа сега вели дека изгледа како „вонземјанин со рогови“, поради што оваа девојка вели дека оваа операција е „нејзината најголема грешка“.
„Не знам што тргна наопаку. Претпоставувам дека моето тело ги отфрла нишките што се вметнати. Мислам дека оваа интервенција е измама бидејќи сум сигурма дека естетските хирурзи знаат дека ова не е ефикасно”, вели разочараната Џеси.
„Едно нешто што сигурно знам дека е погрешно е дека хирургот ја подигна едната веѓа повеќе од другата, што ми направи дополнителни проблеми. Се чувствував лошо поради мојот изглед, па подоцна морав да вбризгам ботокс во едната веѓа, за да привремено ги израмнам“.
Девојката имала операција која чинела 2.000 долари во октомври 2021 година, а потоа добила рефундација од 1.100 долари поради проблемот што го има по зафатот.
Таа на TikTok покажа како изгледа по операцијата, а тоа видео е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати.
„Не можам да се сфатам сериозно“, напиша таа во описот на видеото, а потоа се сврте пред камерата за да ги покаже резултатите од неуспешната процедура од сите агли.
Откако го објавила видеото, многу девојки ја контактирале, пишувајќи дека и нив им се случило истото.
„Добив многу пораки од девојки во кои ми пишуваа дека и тие имаат дупки или испакнатини на кожата. Некои дури ми кажаа дека веѓите им паднале „кога фазата на заздравување завршила, што значи дека конците што ги држат веѓите не функционираат и дека тоа е губење пари“, рече Џеси.
Рекла и дека чувствувала огромна болка околу една недела по операцијата, дека била многу отечена и имала модринки, а после тоа чувствувала болка секогаш кога ќе ги подигне веѓите.
„Тие се и многу чувствителни на допир“, додала оваа девојка која сега оди на терапии со ултразвучни бранови кои ги загреваат нишките под кожата, додека тие целосно не се растворат, но вели дека засега не гледа резултати.
@_jessiecarr I can’t take myself seriously 👽 #foxeye #foxeyethreads #foxeyethreadlift #botched #botchedsurgery ♬ original sound – Slowed Songs