ЕУ за економските санкции против Русија: Го достигнавме својот максимум

Сподели со своите пријатели

Европската унија ја достигна границата на своите можности во однос на економските санкции против Русија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ.

Loading...

„Што се однесува до економските санкции, се разбира, секогаш можеме да одиме понатаму, но веќе ги достигнавме границите на она што можеме да го направиме. Направивме се што можевме“, објасни Борељ во интервју за радиото „Франс инфо“.

 

Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони

 

Според него, станува збор за санкции од големи размери, кои доведоа до пад на руската валута за 40 отсто.

„Тоа се многу строги санкции, кои сериозно ќе ја оптоварат руската економија“, рече тој, додавајќи дека санкциите поврзани со забраната за извоз на високи технологии во индустрискиот сектор и другите сектори на економијата се болни за Русија.

Да потсетиме, постојаните претставници на Европската унија во средата се договорија за проширување на санкциите против Украина, а како што соопшти француската делегација која моментално претседава со Советот на ЕУ, меѓу целите се и „руските олигарси и членовите на нивните семејства“.

Loading...

 

Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони

 

Во таа насока, шефот на европската дипломатија, Јосеп Борељ, изјави дека во новите европски списоци за санкции ќе бидат вклучени 160 физички лица, меѓу кои и претставници на бизнисот и членови на Советот на Федерацијата на Русија.

Тој изјави дека ЕУ мора да ја пресече папочната врвца што ја поврзува со Русија, апелирајќи до сите европски граѓани да ја намалат потрошувачката на енергија на индивидуално ниво, за да се намали севкупната зависност од гасот од Русија.