Литванскиот парламент денеска воведе построга вонредна состојба во врска со рускиот напад врз Украина, ограничувајќи го правото на слободно изразување и мирно собирање, јавува Ројтерс.
Имено, новиот закон, кој ќе биде на сила најмалку до 20 април, ѝ дозволува на полицијата да го блокира пристапот до медиумите до 72 часа поради „дезинформации“, „воена пропаганда“ и „поттикнување омраза“ во врска со руската инвазија, соопшти литванскиот парламент, пренесува Ројтерс.
Предлог-законот беше поддржан од 71 од вкупно 117 пратеници.
Еден од најсмртоносните снајперисти пристигна во Украина: Се борел и во Ирак и Авганистан
„Овој предлог ја ограничува можноста да се каже дека „Путин е одличен“ на (јавни) состаноци и дека воената пропаганда и дезинформации се шират“, рече литванската премиерка Ингрида Симонита во обраќањето пред пратениците во парламентот.
На 24 февруари, претседателот на Литванија прогласи вонредна состојба неколку часа откако Русија започна напад, наредувајќи и на својата армија да распореди војници долж границите на Литванија со Русија и Белорусија.