Лавров: Не сакам да верувам дека може да започне нуклеарна војна

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека не верува оти конфликтот на Русија со Западот околу Украина ќе доведе до нуклеарна војна.

„Не сакам да верувам и не верувам дека може да започне нуклеарна војна“, им рече Лавров на новинарите на прашањето дали ќе има нуклеарна војна.

 

Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони

 

Тоа го изјави Лавров по разговорите во Турција со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба.

Напад на Русија врз балтичките земји? „Ова се лажни вести“

Тој рече дека гласините за потенцијален руски напад врз поранешните советски балтички земји се стари лажни вести.

 

Британците ѝ испраќаат на Украина ново моќно оружје против руските авиони

 

Рускиот министер за надворешни работи рече дека рускиот претседател Владимир Путин нема да одбие средба со украинскиот колега Володимир Зеленски за да разговараат за „одредени“ прашања.