Медведев за Мекдоналдс: Можеме и сами да правиме плескавици

Сподели со своите пријатели

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев денеска се прости од Мекдоналдс, велејќи дека во Русија знаат да прават плескавици и кифлички.

Тој додаде дека истото би можеле да го направат и бизнисмените кои се санкционирани од западните земји, пренесува РИА Новости.

 

Еден од најсмртоносните снајперисти пристигна во Украина: Се борел и во Ирак и Авганистан

 

„Можеме сами да правиме плескавици и кифлички со одличен квалитет. Патем, тоа би можеле да го направат бизнисмени кои се под санкции. Поздрав Мекдоналдс!“, напиша Медведев на социјалната мрежа Вконтакте.

Извршниот директор на Мекдоналдс Крис Кемпчински на 8 март објави дека сите ресторани на таа компанија во Русија се привремено затворени.

 

Воведен нов закон: На цивилите им е дозволено да пукаат во руски војници, веднаш реагираше Кремљ

 

Мекдоналдс е една од низата глобални компании кои ја прекинаа работата во Русија по почетокот на воената операција во Украина.