Претприемачот Патрик Бет-Дејвид забележал необична врска помеѓу датумот на почетокот на Првата и Втората светска војна и почетокот на руската инвазија на Украина.
Тој објасни дека гледа на се како на математичка формула и со собирање на бројките на 28 јули 1914 година, денот кога започна Првата светска војна, Патрик го добил бројот 68.
Истиот број е добиен со сумирање на 1 септември 1939 година, датумот на почетокот на Втората светска војна, како и руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
– Бројот 68 се користи еднаш во Библијата. Зборовите царство и битка се употребени 68 пати во Библијата – вели еден твитер за теоријата на Патрик.
„Светот се одвива во математички модели. Ја гледам поентата во тоа што го споделивте“, „Дали тоа значи нешто? Веројатно не. Но сепак е интересно“, напишаа луѓето на Твитер.
Everything to me is a mathematical formula.
This one is strange. 👇🏽 pic.twitter.com/zJuPGf0LQe
— Patrick Bet-David (@patrickbetdavid) March 5, 2022

