Дека љубовта не се знае со години е докажано толку пати, но докажано е и дека паровите со голема разлика во години често наидуваат на осуда во јавноста.
Порша (24) и нејзиниот партнер (51) не се поштедени од ваквите критики, но инсистираат дека и покрај се се посреќни од било кога.
Порша на социјалната мрежа ТикТок сподели видео од себе и нејзиниот партнер на кое се гледа фотографија кога се запознале, односно кога таа имала 19, а тој 46 години.
Потоа таа покажа фотографија од нив двајца сега кога тој има 51 година, а таа 24.
Сепак, многу корисници беа шокирани од нивната разлика во години и брзо ја осудија нивната врска.
– Разликата меѓу вас е иста како меѓу мене и татко ми – напишал еден корисник, а друг додал:
– Никогаш нема да ти одговора како личност.
– Што може да има заедничко 19-годишна девојка со 50-годишен маж? Секогаш се прашувам за што зборуваат такви парови – се запрашал еден корисник.
Но, имаше и такви кои застанаа во одбрана на овој пар, а истакнаа дека и двајцата се полнолетни и дека можат да одлучуваат сами.
– Всушност, изгледаат посреќни од многу парови што ги познавам – напишал еден корисник.
– Се додека вие двајца сте среќни, кој сум јас да судам за тоа – беше уште еден коментар на поддршка.