Британија заплени приватен авион изнајмен од руски олигарх

Сподели со своите пријатели

Британските власти денеска соопштија дека според овластувањата што им ги дава новиот закон, привремено го заплениле авионот поврзан со рускиот милијардер.

Loading...

Утринава Обединетото Кралство објави серија нови санкции кои се однесуваат на руските авиони и извозот на вселенска и авионска технологија.

 

Во Мариупол, Украинците морале да копаат масовна гробница, вели пратеникот

 

Санкциите се насочени кон внатрешниот круг на Путин

Сега британските власти имаат право да ги задржат сите руски авиони во земјата или да утврдат дека тоа е кривично дело затоа што летале или слетале на територијата на Обединетото Кралство.

Санкциите се однесуваат на сите авиони во сопственост, изнајмени или управувани од Русија или поединци поврзани со најтесниот круг на Путин, пишува Ројтерс.

Loading...

Британскиот министер за транспорт Грант Шапс денеска изјави дека според новите санкции, веќе е запленет еден авион што слета на приватниот аеродром Фарнборо. Британија ќе го задржи се додека трае истрагата.

 

Захарова: Американците кријат биолошко оружје на границата меѓу Украина и Русија

 

„Знаеме дека авионот не е во сопственост на руска компанија“

Извор од британската влада изјавил дека приватниот авион бил поврзан со Евгени Швидлер, милијардер кој соработува со Роман Абрамович.

„Знаеме дека авионот не е во сопственост на руска компанија и е регистриран во Луксембург. Спроведуваме дополнителни проверки пред да го вратиме во употреба“, изјави Шапс за радио ЛБЦ.

Уредникот на Би-Би-Си, Ник Ват, објасни дека овие нови санкции не се насочени кон авионите во руска сопственост, на кои веќе им е забрането да летаат во Обединетото Кралство, туку „сивата зона“ на приватни авиони регистрирани во трета земја што ги издаваат или ги користат богати Руси.

Loading...

Ват, исто така, рече дека авионот на приватниот аеродром Фарнборо е под истрага бидејќи властите веруваат дека го користел руски олигарх.