Во Мариупол, Украинците морале да копаат масовна гробница, вели пратеникот

Сподели со своите пријатели

Украинскиот пратеник Дмитриј Гурин изјави за Би-Би-Си дека властите во Мариупол, град во југоисточна Украина под опсада на руските сили, веруваат дека имаат залихи со храна уште само три дена.

Loading...

Гурин, чии родители живеат во Мариупол, рече дека од канцеларијата на градоначалникот му било кажано дека улиците се полни со тела и дека властите биле „принудени да ископаат масовна гробница за 33 лица, бидејќи гробиштата биле недостапни поради гранатирање“.

 

Захарова: Американците кријат биолошко оружје на границата меѓу Украина и Русија

 

„Сега имаме ситуација кога цивилите и мирните градови се брутално бомбардирани. Моите родители живеат во источниот дел на Мариупол, таму нема воена инфраструктура и никогаш немало“, изјави Гурин за Би-Би-Си.

„Западот мора да признае дека Третата светска војна веќе започна“

Тој ги повика западните земји да признаат дека „Трета светска војна веќе започна“ и ги повика САД да и дозволат на Полска да ги опреми украинските воздухопловни сили со борбени авиони МИГ-29 од советско производство.

Loading...

 

Амнести: Рускиот воздушен напад врз Чернихив може да биде воено злосторство

 

„Единствено прашање е колку Украинци ќе умрат додека тоа не се случи“, рече Гурин.

„Обединетото Кралство го направи тој избор пред 80 години. Сметаме дека тоа е важен избор, не само за нас, туку и за вас и вашата иднина“, рече украинскиот пратеник.