Испраќањето борбени авиони во Украина мора да помине преку НАТО, изјавија во средата високи полски официјални лица, откако Соединетите Држави ја одбија нивната понуда да ѝ испратат на Полска свои борбени авиони во американската воздухопловна база за да ги достават во Киев.
Полска во вторникот соопшти дека е подготвена да ги распореди сите свои МИГ-29 во воздухопловната база Рамштајн во Германија и да ги стави на располагање на Соединетите држави, повикувајќи ги и другите членки на НАТО да го сторат истото.
Захарова: Американците кријат биолошко оружје на границата меѓу Украина и Русија
Но, САД ја отфрлија понудата, нарекувајќи ја „неодржлива“.
„САД не сакаат овие авиони да доаѓаат во Украина од американските бази“, изјави за ТВП Инфо Јакуб Кумоч, советник на полскиот претседател за надворешни работи.
„Полска е подготвена да дејствува, но само во рамките на алијансата, во рамките на НАТО“, рече тој.
Украина апелираше до западните земји да ѝ испратат борбени авиони за да се спротивстават на руската инвазија, поради која досега се иселени повеќе од два милиони луѓе.
ЕУ воведува нов пакет санкции, овој пат кон руски олигарси и белоруски банки
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, постојано бараше од Западот да воведе зона на забранети летови над Украина, но САД и нивните сојузници во НАТО одбија да го сторат тоа поради страв од директен конфликт со Русија.
Руското Министерство за одбрана предупреди дека земјите кои нудат воздушен простор на Украина за да изврши напади врз Русија може да се смета дека влегле во конфликтот.
„Полска не може да биде единствената членка на НАТО што ризикува…
Заменик-министерот за надворешни работи на Полска Павел Јаблонски изјави за Polskie Radio 1 дека Полска мора прво да ја земе предвид својата безбедност кога одлучува да испрати свои авиони во Украина.
Амнести: Рускиот воздушен напад врз Чернихив може да биде воено злосторство
„Полска не може да биде единствената членка на НАТО што го презема ризикот без другите членки (…) да го споделат тој ризик со нас“, рече Јаблонски.
МИГ-29 е тип на борбен авион изграден во поранешниот Советски Сојуз, а бидејќи украинската војска веќе користи авиони од руско производство, тој е најдобриот избор за украинските пилоти кои веќе знаат да управуваат со нив, велат експертите.
Според Ројтерс, обуката на пилотите за управување со борбени авиони од американско производство може да трае со години и бара поинаков начин на одржување.
Украинските воени сили објавија видео: „Јавелин ракета и руски тенк. Прекрасно гори!’ (ВИДЕО)
Поради прашањата за МИГ-овите, американскиот потпретседател Камала Харис во среда ќе отпатува за Полска.
Тоа патување беше планирано пред Полска да го изненади Вашингтон со понудата на тие авиони.
Покрај разговорите со највисоките полски претставници, како и со канадскиот премиер на турнеја низ Европа, Харис треба да се сретне и со бегалците кои ја напуштија Украина пред руската офанзива.