Њујорк Тајмс без руски дописник за прв пат од 1921 година.

Сподели со своите пријатели

Њујорк тајмс ги повлече сите свои дописници од Русија, што е првпат по повеќе од 100 години овој американски весник да нема свои новинари таму на терен.

Loading...

„Многу тажен ден за историјата на Њујорк тајмс во Москва. Повлекување на сите негови дописници од земјата. Имаме новинари таму континуирано од 1921 година, со една или две кратки паузи поради проблеми со визите. Ниту Сталин, ниту Студената војна не нѐ избркаа“, напиша на „Твитер“ Нил Мекфаркахар, поранешен шеф на дописничката канцеларија на весникот во Москва, пренесува Си-Ен-Ен.

Весникот го објави своето официјално повлекување од Русија во соопштение во вторникот, цитирајќи го новиот руски закон кој ги криминализира новинарите кои го споменуваат зборот „војна“ во нивното покривање за инвазијата на Украина.