НЕМА КАРАНТИН ЗА ЗАРАЗЕНИ: Романија ги укинува сите мерки од денеска

Сподели со своите пријатели

Од денеска, Романија ги укинува сите ограничувања воведени поради корона вирусот, вклучително и дигитални пропусници и носење заштитни маски внатре и на отворено, изјави денеска министерот за здравство Александру Рафила.

Loading...

Владата повеќе нема да бара карантин за позитивни случаи, рече министерката Рафила, додавајќи дека од утре тоа ќе биде само препорака, пренесува Ројтерс.

Романскиот министер за здравство препорача граѓаните да продолжат да носат маски во затворени простории и да избегнуваат гужви.

Романија останува втора земја со најмал процент вакцинирани луѓе во Европската унија, со нешто помалку од 42 отсто од населението целосно вакцинирани.