Пред точно 63 години, прв прат е претставена куклата Барби, кој и денес е вистински хит

Сподели со своите пријатели

Куклата Барби беше премиерно прикажана на 9 март 1959 година на американскиот меѓународен саем за играчки во Њујорк. Куклата е дизајнирана од Рут Хендлер, а целосното име на Барби е Барбара Милисент Робертс. Барби го добила името по ќерката на Рут, Барбара (Кен го добил името по синот на Рут, Кен)

 

 

И додека производителите на играчки масовно произведуваа играчки со години, пред Барби ниту една од нив немаше карактеристики за возрасни. Барби беше првата таква играчка.

Првата Барби беше достапна и како бринета и како русокоса. Таа имаше провокативен костим за капење со пруги и поглед свртен надесно (подоцна ова беше сменето во поглед напред).

 

 

Се проценува дека повеќе од милијарда кукли Барби се продадени ширум светот во повеќе од 150 земји. Барби често беше мета на критики бидејќи се сметаше дека промовира совршен изглед како идеална жена. Иако нејзината фигура е нереална, со текот на годините Барби се менуваше во стилот и формата.