Австрија привремено ја суспендираше примената на Законот за задолжителна вакцинација

Сподели со своите пријатели

Австриската влада одлучи привремено да ја прекине примената на Законот за задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Loading...

Според австриските медиуми, тоа би значело дека во следните три месеци нема да бидат казнети оние кои моментално го прекршуваат Законот за вакцинација.

 

 

Гутереш: Пандемијата сè уште не е завршена, дистрибуцијата на вакцините е скандалозно нееднаква

 

Да потсетиме, законот за воведување задолжителна вакцинација против коронавирус во Австрија стапи на сила на 5 февруари.