Странските доброволци кои дојдоа во Украина да ја одбранат од рускиот напад, ќе можат да добијат украинско државјанство доколку сакаат, изјави денеска првиот заменик министер за внатрешни работи Евгениј Џенин, пренесува Укринформ.
Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев
„Забележувам дека бројот на странски волонтери расте. Затоа назначивме лица од Државната гранична служба и Државната служба за миграција, кои се одговорни за нивниот организиран влез во Украина, директно до Министерството за одбрана. Тие потпишуваат договор и да добијат воена лична карта. Во иднина доколку такви лица од редот на странски државјани се заинтересирани да добијат украинско државјанство, нашата легислатива предвидува таква можност“, изјави Џенин.
Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев
Како што беше најавено, Украина ја формира „Меѓународната легија за територијална одбрана“ од странци кои сакаат, како што беше речено, да се приклучат на „отпорот кон руските агресори и заштитата на светската безбедност“, наведува Укринформ.