Руските сили не успеале да направат значителен пробив во северниот дел на Киев, а украинските сили се чини дека успеваат да соборат непријателски авиони, покажуваат најновите разузнавачки информации на британското Министерство за одбрана.
„Борбите северозападно од Киев сè уште траат, а руските сили не успеваат да направат некој значаен пробив.
Прв состанок на министрите за надворешни работи на Русија и Украина од почетокот на инвазијата
Се чини дека воздушната одбрана на Украина постигна значителен успех против руските модерни борбени авиони, веројатно спречувајќи ги да постигнат каков било степен на воздушна контрола.
Сепак, Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сѐ уште се опколени од руските сили и трпат силно руско гранатирање“, објави Index.hr.