Фолксаген од денеска престанува да прима нарачки за хибридни модели

Сподели со своите пријатели

Фолксваген (VW) од денеска ќе престане да прима нарачки за бројни модели на хибридни автомобили, објави германскиот производител на возила, наведувајќи го недостатокот на чипови и проблемите во синџирот на снабдување поврзани со руско-украинскиот конфликт.

Loading...

Прифаќањето на нарачки за хибридни верзии на моделите Голф,Тигуан,Пасат, Артеон и Туарег на Фолксваген  ќе биде суспендирано до понатамошно известување, а испораката на веќе нарачаните возила може да не се реализира оваа година, се вели во денешното соопштение на компанијата, пренесува Reuters.

 

 

Информацијата, која прв ја објави дневниот весник Handelsblatt, уследи по одлуката на Фолксаген да го прекине производството во Русија и привремено да го прекине производството во неколку фабрики во Германија во последните две недели.

Главната фабрика на овој производител на автомобили во Волфсбург нема да работи од 14 до 18 март, се наведува во соопштението, а се додава дека до 18 март ќе го прекине производството и фабриката во Цвикау, која произведува електрични возила.

 

Loading...

 

Компанијата соопшти дека е погодено и производството на нејзините две фабрики, во Хановер и Дрезден, како и на две фабрики во Полска.

Украина и Русија се мали продажни пазари за европските автомобилски компании, но тесните грла во набавката на производствени компоненти како што се каблите произведени во Украина и зголемените цени на суровините создаваат проблеми за производителите на автомобили низ целиот континент.