Кумановец се обидел да нападне возач на автобус со остар предмет

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец вчера бил приведен под сомнение дека  се обидел со остар предмет да нанесе повреди на возач на автобус.

Loading...

Притоа, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот успеал да оштети стакло на автобусот.

– На 07.03.2022 во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е приведен И.А.(31) од Куманово затоа што во 10,15 часот во СВР Куманово Б.Д. од Куманово, вработен како шофер на автобус пријавил дека на автобуска постојка  во близина на џамија во Куманово пријавениот со остар предмет се обидел да го повреди и оштетил неколку стакла на автобусот, стои во соопштението на полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски