8 години биле најдобри пријателки, па дознале дека се сестри: Се запознале преку работа, па направиле ДНК-тест

Сподели со своите пријатели

Џулија Тинети (31) и Касандра Медисон (32) се запознале во 2013 година додека работеле во ист град.

Loading...

Тие немале идеја дека можат да бидат во сродство, сè додека странци не ја истакнале нивната сличност.

“Џулија го забележа домениканското знаме на мојата рака и рече дека била посвоена од таму. Јас ја запрев да и кажам дека и јас  од таму сум посвоена. Станавме пријателки, почнавме да носиме слична облека и да се забавуваме додека им кажувавме на сите дека сме сестри”, Рече Касандра.

Станале најдобри пријателки и осум години не знаеле дека всушност се сестри. Како што слушале коментари за сличноста, тие почнале да се прашуваат дали навистина се во крвно сродство, но нивните документи за посвојување воопшто не се совпаѓале. Местото на раѓање, презиме и името на мајката биле различни.

 

Julia and I met in 2013 working at Russian Lady in New Haven, CT. Julia notices the Dominican flag on my arm and makes a…

Posted by Cassandra Raquel Madison on Thursday, January 28, 2021

 

Касандра дознала дека имала сестра кога ги посетила своите биолошки родители во Доминиканската Република. Тие и откриле дека имаат девет деца, три момчиња и шест девојчиња, но тие биле принудени да ги дадат на посвојување неа и Џулија, бидејќи не можеле да си дозволат да издржуваат големо семејство.

Девојчињата тогаш решиле да направат ДНК тест, а наскоро се потврдиле и нивните сомневања.

Loading...

“Ние сме сестри! Иста мајка, ист татко! Двете девојки кои работат заедно се всушност сестри! Те сакам, близначке”, напишала Касандра на Фејсбук.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Cassandra Raquel (@iamcassandraraquel)