Столтенберг: Мораме да се погрижиме конфликтот да не се прошири надвор од Украина

Сподели со своите пријатели

НАТО има „одговорност да обезбеди конфликтот да не се прошири надвор од Украина“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

За време на заедничката прес-конференција со летонскиот претседател Егилс Левитс, Столтенберг рече дека „страдањето што во моментов го гледаме во Украина е страшно“, пренесува Си-Ен-Ен.

 

Крадци пустошат низ Украина, но ако ги фатат ги лепат за столбови (ВИДЕО)

 

„Ние имаме одговорност да обезбедиме конфликтот да не ескалира или да се прошири надвор од Украина. Тоа би било уште поопасно, погубно и уште поубиствено. Ситуацијата може да излезе од контрола“, посочи Столтенберг.

Како одговор на ситуацијата, како и „да се осигура дека нема простор за погрешни проценки во Москва“, НАТО „значително го зајакна“ своето присуство на источната страна на алијансата, додаде Столтенберг.

„Имаме 130 авиони во состојба на готовност. Повеќе од 200 бродови од далечниот север до Медитеранот и илјадници дополнителни војници во регионот“, рече генералниот секретар на НАТО.

 

Руско Министерство за одбрана: Нашата армија уништи 258 воени објекти во Украина

 

„НАТО ќе ја заштити и брани секоја педа од својата територија“, повтори Столтенберг.

Досега НАТО одбиваше директно да интервенира во конфликтот, вклучително и воспоставување зона на забранети летови над Украина.

Само Северноатлантската алијанса помогна во оружје и опрема на украинскиот отпор на руската инвазија, која започна на 24 февруари, а која Русите ја нарекуваат „специјална воена операција“ чија цел е „демилитаризација“ и „деназификација“ на Украина.