Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека има веродостојни извештаи дека Русија цели на цивили во Украина и ја повика Москва да го прекине конфликтот.
Тој вети и дека нема да дозволи конфликтот да се прошири, пренесува Ројтерс.
Крадци пустошат низ Украина, но ако ги фатат ги лепат за столбови (ВИДЕО)
„Имаме одговорност да обезбедиме конфликтот да не ескалира и да не се прошири надвор од Украина. Ќе ја заштитиме и браниме секоја педа од сојузничката територија“, рече Столтенберг по разговорите со летонскиот претседател Егилс Левитс.
Столтенберг, исто така, рече дека руската инвазија предизвикува ужасни страдања и дека хуманитарното влијание е катастрофално.