8 месеци се допишувале, а кога дознал која е таа останал шокиран: Не можело да биде побизарно

Сподели со своите пријатели

Наставникот по физичко, кој мислеше дека конечно ја пронашол љубовта на својот живот по разводот, бил многу разочаран кога конечно ја видел девојката со која се допишувал со месеци.

Loading...

Марио, професор по физичко од Лондон, преживеа тежок развод, срцето му било скршено и со месеци закрепнувал од љубовен бродолом. Покрај тоа, тој останал без покрив над главата и не можел да си ги види децата.

– Тешко ми беше разводот, почнав да се дрогирам, бев бездомник, девет месеци не можев да ги видам децата. Морав да се сменам. И токму тогаш, кога свртев нов лист, се појави Хана – изјавил Марио за „Дејли мејл“ и рекол дека се запознал преку апликацијата за запознавање.

Тој рече дека за осум месеци допишување се обидел да ја запознае Хана во живо, но таа секогаш се откажувала во последен момент. Бидејќи му станало малку сомнителено, контактирал со екипа од популарната британска шоу програма која моментално наоѓа „вакви случаи“ со надеж дека ќе успеат да го најдат.

 

 

Екипата на серијата започнала истрага и на крајот открила дека Хана всушност била Кортни, цимерката на Марио која била лудо вљубена во него.

Loading...

Со цел да го скрие својот вистински идентитет, Кортни му испратила на Марио фотографии од непозната жена од Нов Зеланд. Дури и била контактирана, а таа немала поим дека некој ги користи нејзините фотографии.

– Тој ми е најдобар пријател и цимер. Се знаеме скоро пет години. Сакав да видам како би било да се биде негова девојка, бидејќи очајно сум вљубена во него – изјавила Кортни.

Марио бил шокиран кога дознал дека Хана всушност е Кортни. Рекол и дека нема поим дека воопшто и се допаѓа, а не дека е вљубена во него.

– Ја сакам Кортни како пријателка, таа е како член на моето семејство, но тоа е тоа. Не би отишол подалеку и знам само дека секој ден се прашувам „Боже, зошто таа“ – изјави Марио.

И покрај предавството, Марио и прости на Кортни и продолжија да живеат заедно, но само како цимери.